Мекени останува во Јувентус до 2030
- Американскиот играч од средниот ред Вестон Мекени (27) го продолжи договорот со италијанскиот фудбалски гигант Јувентус до јули 2030 година, објави вечерва клубот од Торино.
Торино, 2 март 2026 (МИА) – Американскиот играч од средниот ред Вестон Мекени (27) го продолжи договорот со италијанскиот фудбалски гигант Јувентус до јули 2030 година, објави вечерва клубот од Торино.
„По шест години во црно-белиот дрес, врската меѓу Вестон Мекени и Јувентус е зајакната со заслужено продолжување на соработката. Договорот, кој ќе го врзе играчот со „бјанконерите“ до 30 јуни 2030 година, сега е официјален, објави Јувентус.
Американскиот репрезентативец пристигна во Јувентус во 2020 година, прво како позајмен од Шалке, пред италијанскиот гигант да го откупи неговиот договор.
„Не можам да бидам посреќен. Уште четири години“, напиша Мекени на социјалните мрежи.
Мекени, кој кратко време од јануари до јуни 2023 година беше позајмен на Лидс, досега има 219 настапи за клубот од Торино. ег
ФОТО: Фејсбук