• среда, 18 декември 2024

Мекена останува на клупата на Ипсвич

Мекена останува на клупата на Ипсвич


Лондон, 30 мај 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски клуб Ипсвич објави денеска дека го продолжил договорот со тренерот Киран Мекена, под чие водство клубот по пауза од 22 години се врати во Премиер лигата.
Мекена и Ипсвич, како што е соопштено, ја продолжија соработката до лето 2028 година.
„Успехот носи свои предизвици и имаше многу шпекулации во последните неколку недели, но јас и Киран продолживме да комуницираме, често неколку пати на ден, за да се подготвиме за новата сезона во Премиер лигата“, изјави директорот на Ипсвич, Марк Ештон.
Изминатите недели англиските медиуми пишуваа дека Мекена би можел да стане нов тренер на Челзи.
Мекена сезонава избори пласман со Ипсвич во Премиер лигата, а тимот од истокот на Англија по 22 години се врати во елитниот ранг на натпреварување. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан