• четврток, 26 декември 2024

Мекарти не му дозволи на Зеленски да зборува пред американскиот Конгрес

Мекарти не му дозволи на Зеленски да зборува пред американскиот Конгрес

Вашингтон, 21 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, денеска соопшти дека не му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред конгресмените. 

Тој кажа дека немало доволно време за говор на украинскиот претседател поради нивна презафатеност, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си. 

Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата претходна посета на Вашингтон во декември 2022 година. 

Зеленски денеска пристигна во Вашингтон на разговари со конгресмени, особено со републиканците, кои се повеќе се противат на испраќање дополнителна помош за Украина. 

По средбите со нив, украинскиот претседател во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан