• четврток, 26 декември 2024

Медиуми: УЕФА сè уште планира ЕУРО 2020 да се одржи во 12 градови

Медиуми: УЕФА сè уште планира ЕУРО 2020 да се одржи во 12 градови
Лондон, 27 јануари 2021 (МИА) - УЕФА има намера да биде домаќин на завршниот турнир на ЕП 2020 во 12 градови, како што беше претходно планирано, пренесува „Индипендент“. Според британскиот весник, дури и евентуално ограничување на бројот на гледачи на трибините на 25% од капацитетот на арените нема да го попречи ова. Предлозите да се одржи турнир во една земја или мала група на земји во моментов се со мали шанси. За потсетување, Европското првенство требаше да се одржи летото 2020 година, но беше одложено за оваа година поради пандемијата на коронавирусите. Домаќин на турнирот ќе бидат 12 европски градови, но овој број може да се намали поради епидемиолошката состојба. Почетокот на турнирот е закажан за 11 јуни, финалниот натпревар треба да се одржи на 11 јули. зс/

Остани поврзан