• среда, 18 декември 2024

Медиуми: Суд пресуди дека Хрватска мора да врати противракетен систем С-300 на претприемач или да му плати 200 милиони долари

Медиуми: Суд пресуди дека Хрватска мора да врати противракетен систем С-300 на претприемач или да му плати 200 милиони долари

Загреб, 6 декември 2024 (МИА) - Суд во Загреб одлучи дека Хрватска мора да му го врати противракетниот систем С-300 на бизнисменот Звонко Зубак или да му исплати 200 милиони долари со камата од 1997 година, објави вечерва телевизијата Н1.

Според одлуката на Жупанискиот суд во Загреб, дојде до пресврт во долготрајниот судски спор помеѓу Хрватска и Зубак.

Оружјето е набавено во 1994 година на црниот пазар, во период кога Хрватска беше под ембарго на ОН за увоз на оружје.

Долги години не е познато каде се наоѓа системот, што го прави тешко спроведувањето на делот од пресудата за враќање на оружјето или неговите делови, кои биле прикажани на парадата во 1995 година.

Спорот траеше 22 години, при што е изменета претходната пресуда на Општинскиот граѓански суд во Загреб, кој ја отфрли тужбата на Зубак во целост.

Зубак тврди дека Хрватска не му го исплатила договорениот износ за набавка на оружјето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан