• четврток, 26 декември 2024

Медиуми: САД блиску до одлука за продажба на дополнителни 50 авиони Ф-15 на Израел

Медиуми: САД блиску до одлука за продажба на дополнителни 50 авиони Ф-15 на Израел

Вашингтон, 5 април 2024 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е блиску до одлука да одобри продажба на 50 авиони Ф-15 на Израел во договор чија вкупна вредност може да изнесува 18 милијарди долари, пишуваат медиумите, пренесе Бета.

Во западните медиуми овој факт се толкува како уште една потврда за тоа колку САД се подготвени воено да му помогнат на Израел и покрај тоа што администрацијата на Бајден јавно ја критикува израелската воена операција во Газа, во која, според различни проценки, досега загинале повеќе од 32 илјади Палестинци, главно цивили.

Израел изрази интерес за купување на тие авиони во јануари 2023 година, но потоа побара да се забрза целиот договор, што е поврзано со конфликтот во Газа што избувна во меѓувреме.

Израелските воздухопловни сили веќе користат околу 110 авиони Ф-15 во неколку варијанти, а со оглед на тоа што Хамас нема авијација, се претпоставува дека идејата е да се набават дополнителни авиони за сузбивање на евентуална воена закана која би можела да дојде од Иран, т.е. , од Хезболах во Либан.

Од почетокот на тој конфликт, САД веќе имаат склучено повеќе од 100 договори за извоз на оружје со Израел, но повеќето од тие договори предвидуваа испорака чија вредност не вклучуваше дискусија и дозвола од Конгресот.

Струјата во Конгресот наведува како главен аргумент дека овие авиони допрва треба да се произведуваат, што значи дека нивната испорака би можела да биде завршена само за пет години и затоа не би можеле да се користат во сегашниот конфликт.

Вашингтон обезбедува околу 3,8 милијарди долари годишно воена помош за долгорочниот сојузник на Блискиот Исток, но тоа не е сета помош на која Израел може да смета. Имено, Бајден претходно побара од Конгресот да одобри 95 милијарди долари воена помош за странски земји како Украина и Тајван, а Израел од таа сума би добил дополнителни 14 милијарди долари, наведува Бета. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан