• вторник, 27 август 2024

Медиуми: Манчестер јунајтед ќе потпиша нов договор со Фернандеш

Медиуми: Манчестер јунајтед ќе потпиша нов договор со Фернандеш


Лондон, 11 август 2024 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Јунајтед ќе потпише нов договор со португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш, јави денеска телевизијата Скај Спорт.
Според истиот извор, преговорите се во завршна фаза и се очекува Португалецот во текот на денешниот ден да ја прифати понудата.
Новиот договор ќе биде до 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.
Фернандеш (29) дојде на „Олд Трафорд“ во 2020 година. Во сите натпреварувања забележа 234 натпревари и постигна 79 голови. По еднаш го освои Лига Купот и ФА Купот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан