• сабота, 06 декември 2025

Медиуми: Завршија последните американско-украински разговори во Мајами

Медиуми: Завршија последните американско-украински разговори во Мајами

Киев, 5 декември 2025 (МИА) – Разговорите во САД меѓу претставниците на Киев и Вашингтон за ставање крај на војната во Украина завршија, објави рано утрово украинскиот јавен сервис Суспилне, повикувајќи се на извори во делегацијата на Киев.

Украина во разговорите во Мајами, Флорида, ја претставуваше Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност, и началникот на Генералштабот, Андриј Хнатов.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање рече дека украинската делегација во САД се обидува да разјасни што било разговарано во Москва во вторникот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Виткоф, кому тоа му беше шести состанок со Путин, го претстави најновиот став на САД за напорите за ставање крај на војната на Русија против Украина по повеќе од три и пол години.

Минатиот викенд, тим предводен од Умеров во Флорида разговараше за можните чекори за ставање крај на војната со американскиот државен секретар Марко Рубио, Виткоф и Кушнер. јт/сд/

Фото: ЕПА Умеров

Остани поврзан