• четврток, 26 декември 2024

Медиуми: Ериксен на радарот на Манчестер јунајтед и Евертон

Медиуми: Ериксен на радарот на Манчестер јунајтед и Евертон
Лондон, 5 јуни 2022 (МИА) – Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (30), кому пред помалку од една година му беше вграден срцев дефибрилатор, е цел на неколку премиерлигашки екипи, а англиските медиуми како најзаинтересирани ги наведуваат Манчестер јунајтед и Евертон. Ериксен на почетокот на оваа година му се приклучи на Брентфорд и на 11 натпревари постигна еден гол и запиша четири асистенции, а клубот уште пред крајот на сезоната му понуди продолжување на соработката. Данскиот репрезентативец во Брентфорд се врати во натпреварувачка форма што предизвика интерес од повеќе премиерлигашки клубови за неговиот потпис. Дека е целосно подготвен и натаму да игра на највисоко ниво Ериксен докажа и во репрезентативниот дрес во кој се врати со два гола во мартовските пријателски средби против Холандија и Србија, а во петокот го одигра целиот натпревар во победата од 2-1 над Франција во Париз во 1. коло од Лигата на нации. ег/паг/

Остани поврзан