• среда, 25 декември 2024

„Медиуми во Република Северна Македонија 2040: Препораки“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“

„Медиуми во Република Северна Македонија 2040: Препораки“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Скопје, 27 март 2024 (МИА) – На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје денеска ќе се одржи настан под наслов „Медиуми во Република Северна Македонија 2040: Препораки“ кој има за цел да ја сензитивира улогата на новинарство во изградба на  функционален медиумски систем.

Во новата сала на Научно-наставниот совет при факултетот, поздравни обраќања во рамките на настанот ќе има деканот Сашо Ѓеоргиевски, претставник на Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија и професор д-р Јасна Бачовска Недиќ, координатор на проектот.

Потоа ќе се одржи тркалезна маса на која ќе учествуваат Билјана Ѓоргиевска, претставник на Советот за етика во медиумите на Северна Македонија, Перо Момировски, претставник на Синдикатот на новинарите, Анета Андоновска, уредник во Македонската телевизија, Жаклина Хаџи-Зафирова, медиумски и комуникациски консултант и Мила Тодоровска, Милош Стојановиќ, Тео Николовски, Теа Димковска, студенти на проектот.

Настанот е во рамките на регионален проект на јавните универзитети и студии по новинарство. Една од целите на проектот е привлекување на млади луѓе да студираат новинарство, а со тоа да имаат одлучувачка улога во изградба на подобар свет. Проектот е подржан од Кралството Холандија. ар/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан