• вторник, 17 декември 2024

Медиуми: Барса ќе го отпушти Чави ако не заврши второпласирана

Медиуми: Барса ќе го отпушти Чави ако не заврши второпласирана


Барселона, 6 мај 2024 (МИА) – Барселона би можела да го отпушти тренерот Чави Ернандес по завршување на сезоната, пренесува денеска весникот АС.
Според истиот извор, тоа ќе се случи доколку тимот заврши под второто место во тековната сезона во Ла Лига.
По 34 одиграни кола, каталонскиот клуб е третопласиран на табелата со 73 бодови, бод помалку од второпласираната Жирона. На 4 мај Барселона загуби од Жирона (2:4) на гостински терен, а Реал Мадрид веќе ја обезбеди шампионската титула.
Чави во јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, но минатиот месец 44-годишниот стратег рече дека се предомислил и ќе продолжи да работи во клубот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан