• сабота, 23 ноември 2024

Медиуми: Аморим од средината на ноември седнува на клупата на Јунјатед

Медиуми: Аморим од средината на ноември седнува на клупата на Јунјатед

 

Лисабон, 30 октомври 2024 (МИА) – Рубен Аморим ќе остане на чело на Спортинг во следните три натпревари пред репрезентативната пауза во средината на ноември кога конечно треба да седне на клупата на Манчестер Јунајтед, јавија денеска португалските медиуми.

Спортинг ќе се соочи со Манчестер сити во Лигата на шампиони идниот вторник и Брага во португалската лига на 10 ноември што најверојатно ќе биде последниот натпревар на Аморим на клупата на клубот од Лисабон.

Назначувањето на 39-годишниот португалски стратег за нов тренер на Јунајтед дојде откако тимот во понеделникот го отпушти Холанѓанецот Ерик тен Хаг, по серијата слаби резултати.

Поранешниот напаѓач на Јунјатед и сонародник на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој ќе го води тимот од клупата на вечерашниот натпревар од англискиот Лига Куп против Лестер.

Јунајтед потоа ќе се соочи со Челзи во Премиер лигата на Олд Трафорд в недела, пред да игра против ПАОК во Лига Европа и Ипсвич во англиското првенство следната недела пред репрезентативната пауза од 14 до 19 ноември. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан