• четврток, 26 декември 2024

Медиумите - еден од клучните елементи во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Медиумите - еден од клучните елементи во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Скопје, 29 септември 2023

Евротинк – Центар за европски стратегии беше домаќин на третата кафе дебата во рамките на проектот „Поврзување на граѓанските општества: Република Северна Македонија и Република Бугарија“, а поддржан од амбасада на Република Чешка во Скопје. Кафе дебатите се предвидени да послужат како кратки дискусии на неформален начин, за да се олесни комуникацијата за чувствителни теми во двете општества. Поканети говорници на дебатата беа:

г-а Билјана Бејкова – Претседател НВО Инфоцентар;

г-a Тамара Грнчароска – новинарка Телма ТВ;

г. Иван Анчев – Директор на Центар за проучување на глобални хибридни закани; Бугарија

г. Александар Марков – новинар од БНТ Бугарија;

г. Жарко Трајаноски – Институт за медиуми и аналитика ИМА г-а Душица Мрѓа – уредник ТВ24;

Публиката ја сочинуваа новинари, млади европски амбасадори, членови на ГО и претставници на меѓународни организации и амбасади.

Говорниците најмногу се осврнаа на наративите кои се најзастапени во медиумите во Македонија и во Бугарија, а кои се однесуваат на билатералните односи меѓу двете земји.

Бејкова се задржа на резултатите од следењето на медиумите кои информирале на оваа тема. Таа заклучува дека перцепцијата и на самите медиуми но и на граѓаните во јавноста е дека граѓаните сметаат оти бугарската политика е асимилаторска дека сме поставени во позиција „бугарскиот фашизам наспроти македонскиот антифашизам“, дека македонските функционери и власта кријат документи и тајни информации. При работа со фокус групи и со граѓаните Бејкова заклучува дека доминантни се ставовите дека не треба да има компромиси за јазикот, историјата и Уставот.

Иван Анчев од Центарот за проучување на глобални хибридни закани од Софија, ја загатна и темата со прашањето Дали антимакедонскиот во бугарски контекст е исто што и прорускиот? Како силен поддржувач на македонската иднина во ЕУ и е против овој судир меѓу двете земји. Анчев исто така појаснува дека историјата на Македонија е најромантичниот дел од историјата на Бугарија, меѓусебното минато и меѓусебната историја меѓу. „Ова не е дел од нашите билатерални односи и е прашање на брза и силна хибридна војна“, вели Анчев.

Речиси сите панелисти и гостите во своите осврти, во најголем дел посочија дека одредени политичари од двете страни се тие кои го поттикнуваат анимозитетот меѓу државите како и нивниот политички профит од заострување на националистичките реторики на оваа тема.

 

Евротинк - Центар за европски стратегии 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Евротинк

Остани поврзан