• среда, 18 декември 2024

Медведев се повлече од турнирот во Виена поради повреда

Медведев се повлече од турнирот во Виена поради повреда


Виена, 17 октомври 2024 (МИА) – Рускиот тенисер Данил Медведев се повлече од АТП турнирот од серијата 500 во Виена поради проблеми со рамото, соопштија денеска организаторите.
Медведев (28) го повреди рамото на Мастерсот во Шангај каде во четвртфиналето загуби од Италијанецот Јаник Синер (1:6, 4:6).
Турнирот во Виена ќе се одржи од 21 до 27 октомври. Наградниот фонд на турнирот е околу 2,4 милиони евра.
Медведев на ланскиот турнир во Виена играше во финалето во кое загуби од Синер (6:7, 6:4, 3:6). ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан