• сабота, 23 ноември 2024

Медведев против ревизија на статусот на постојаните членки на Советот за безбедност

Медведев против ревизија на статусот на постојаните членки на Советот за безбедност
Москва, 22 октомври 2022 (МИА) – Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди на ревизијата на статусот на постојаните земји-членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и нивното право на вето. - Статусот на постојаните членки на Советот за безбедност, кои се основачки членки на ОН, никогаш не треба да биде предмет на ревизија, вклучително и нивното право да стават вето, рече Медведев. Тој предложи да се прошири членството во Советот за безбедност на ОН. Медведев оцени дека „во спротивно, ОН ќе се соочат со системска криза“ и напуштање на принципите на Лигата на народите. јт/

Остани поврзан