• среда, 25 декември 2024

Медведев против Алкараз во финалето Индијан Велс

Медведев против Алкараз во финалето Индијан Велс

Индијан Велс, 17 март 2024 (МИА) - Светскиот рекет број 4, Даниил Медведев се пласираше во финалето на „Мастерс“ турнирот АТП 1000 во Индијан Велс, САД, откако го победи домаќинот Томи Пол со 1-6, 7-6(3), 6-2.

Натпреварот траеше 2 часа и 23 минути. Рускиот тенисер го заврши мечот со три двојни и 15 неизнудени грешки, како и 5 реализирани брејк топки од 10 можни.

Американецот од своја страна направи пет асови со 3 двојни и 13 неизнудени грешки, а исто како и противникот реализира пет од десет можности за брејк.

Во финалето на турнирот во Медведев ќе игра со вториот во светскиот ранг, Карлос Алкараз, кој претходно денеска го совлада Италијанецот Јаник Синер. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан