• сабота, 28 декември 2024

Медведев: Во случај на ескалација на конфликтот, не може да се исклучат напади врз воените бази на НАТО

Медведев: Во случај на ескалација на конфликтот, не може да се исклучат напади врз воените бази на НАТО

Москва, 27 ноември 2024 (МИА) – Во случај на ескалација на конфликтот во Украина, не може да се исклучи ниту едно сценарио, изјави заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, говорејќи за можноста за напад врз воените бази на НАТО.

- Во овој момент, ако конфликтот се развие според сценариото на ескалација, ништо не може да се исклучи, бидејќи земјите-членки на НАТО, всушност, се целосно вклучени во овој конфликт, рече Медведев во интервју за ТВ каналот Ал Арабија.

Тој ова го изјави одговарајќи на прашањето дали во случај на нови напади од Украина се можни напади врз воени центри на територијата на Полска и Романија.

Тој изјави дека во услови на она што се случува не може да се исклучи ниту едно сценарио, дури и „најкомплексно и најтажно“.

Истовремено, Медведев нагласи дека Русија не би сакала вакво сценарио. јт/

Фото: Скриншот Ал Арабија

Остани поврзан