• вторник, 12 ноември 2024

Медведев: А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот?

Медведев: А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот?
Москва, 15 јуни 2022 (МИА) - Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина. „А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница“, напиша тој на Телеграм. Тој информираше дека видел објава, каде се наведува оти Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да плати за две години“. Според неговите зборови, без западниот течен гас „Украина зимава едноставно ќе смрзне“. бд/зш/ 

Остани поврзан