• петок, 27 декември 2024

Медали на „Мундус Вини“ за вина на „Тиквеш“

Медали на „Мундус Вини“ за вина на „Тиквеш“
Скопје, 16 март 2021 (МИА) - На германскиот вински натпревар „Мундус Вини“ вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ се наградени со три златни медали, при што едно од нив освои и голем златен медал (Grand Gold). Наградите се добиени во конкуренција со 7.300 вина од вкупно 39 држави. - На ова пролетно издание на „Мундус Вини“ наградени беа црвеното „Terrasse à L’Ombre“ од бербата 2018-та, кое освои голем златен медал (Grand Gold), признание кое се доделува само на најквалитетните вина, оценети со исклучително висок број на бодови. Истото вино беше прогласено и за најдобро вино од долината на реката Рона, познатиот француски вински регион. Златни медали освоија и црвеното „Domaine Barovo“ од бербата 2018-та, кое воедно беше прогласено и за најдобро вино од Македонија, како и белото „Domaine Barovo“ од бербата 2020-та, а „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2019-та, освои сребрен медал, соопшти денеска винаријата Тиквеш. „Мундус Вини“ е еден од најпрестижните светски вински натпревари кој се одржува два пати годишно, во пролетна и есенска сесија. Вината се оценуваат од меѓународно жири составено од врвни енолози, винари, стручни новинари и сомелиери. Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира. лв/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан