• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мегваер ја напушти англиската репрезентација поради повреда

Мегваер ја напушти англиската репрезентација поради повреда

Лондон, 25 март 2024 (МИА) - Хари Мегваер го напушти англискиот фудбалски национален тим поради повреда.

Оваа информација официјално ја соопшти Фудбалската асоцијација на Англија.

Мегваер беше заменет во 67. минута на саботниот натпревар против Бразил (0:1). 

Според инсајдерот Фабрицио Романо, дефанзивецот на Манчестер јунајтед во блиска иднина ќе биде подложен на дополнителни прегледи - се очекува неговото закрепнување да не одземе многу време.

Репрезентацијата ја напушти и голманот Сем Џонстон. 

На местото на Мегваер и на Џонстон, во националниот тим за натпреварот против Белгија на 26 март се повикани Рико Луис и Џејмс Трафорд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан