• петок, 27 декември 2024

Меган Маркл троши над 700 евра за нега на кожа

Меган Маркл троши над 700 евра за нега на кожа
Лондон, 8 октомври 2021 (МИА) - Дерматолози од британската клиника „Вера“ открија дека Меган Маркл имала најскапа рутина за нега на кожата во кралското семејство. Имено, производите коишто таа ги користи секој ден, чинат скоро 720 евра. На второ место е војвотката од Кембриџ, Кетрин (Кејт) Мидлтон, чии потреби и козметички  производи чинат нешто повеќе од половина од оние на Меган - близу 370 евра. Еден од поскапите производи во комплетот на Меган е навлажнувачкиот серум за лице - „Кејт Сомервил Квинч“, кој чини околу 80 евра. Маслото од чајно дрво е едно од поевтините средства и чини само 6 евра, а пак, масерот за образи, вилица и лице, од „Никола Џос“ - 410 евра. За него Меган ќе рече дека „го обликува вашето лице однатре кон надвор“. Меѓу другите производи што ги користела војвотката од Сасекс, се навлажнувачки спреј за заштита од сонце „Нивеа“ (7 евра), пилинг во прав „Tatcha Rice Enzyme“ (68 евра), смирувачки серум „Decleor Aromessence Rose D'Orient“ (58 евра) и скапоценото масло „Caudalie Permier Cru“, коешто вреди 61 евро. Меган користи и третман на усни со свеж шеќер за 25 евра, како и марамчиња за чистење „Бјоре“, со цена 12 евра.  си/

Остани поврзан