• сабота, 23 ноември 2024

Меган Маркл - „газдарица од пеколот“

Меган Маркл - „газдарица од пеколот“

Лондон, 26 септември 2022 (МИА) - Во Велика Британија е објавена нова книга за кралското семејство „Дворјаните: Скриената моќ зад круната“, во која авторот Валентин Лоу, меѓу другото, се осврнува и на војвотката од Сасекс, Меган Маркл и нејзиниот однос со вработените во кралскиот дворец, но и со работата крај нејзиниот сопруг, војводата од Сасекс, принцот Хари.

Наводно, нејзе ѝ било тешко да се ракува со луѓето кои доаѓале да ја видат благородничката двојка за време на австралиската турнеја каде што таа и Хари беа есента 2018 година. Книгата содржи и сведоштва од поранешни вработени на Хари и Меган, кои тврдат дека војвотката била „газдарица од пеколот“ која ги терала луѓето „да се тресат и плачат“ на работа... Натаму, таа „не разбирала зошто мора да шета и да разговара со непознати“, вели авторот... „Не ми се верува дека не ми плаќаат за ова!“, наводно рекла Меган, на која не ѝ се допаднала кралската турнеја, иако уживала во вниманието што го добивале таа и Хари. Меган според наводите, отпуштила двајца лични асистенти, а нејзините вработени биле повеќекратно понижувани. Пролетта 2017 година, повеќе од шест месеци пред парот да се сврши, Меган наводно му рекла на еден од советниците на Хари: „Мислам дека и двајцата знаеме дека наскоро ќе бидам твоја шефица“. Адвокатите на војвотката ги отфрлија обвинувањата. Ова не е прв пат во јавноста да се појавуваат тврдења дека Меган Маркл е „газдрица од пеколот“. Таа, од своја страна, вели дека сѐ ова е организирана пропагандна кампања против неа. Поранешните вработени на Хари и Меган тврдат дека војвотката се јавувала на секои 10 минути во петок навечер и викала по нив. Неколку членови на персоналот брзо дале отказ... Лоу пишува дека принцот Вилијам, откако слушнал за еден таков настан, ја тешел вработената уверувајќи ја дека таа „навистина добро работи“, па таа се расплакала.  си/

Остани поврзан