• сабота, 28 декември 2024

Меган ди Сталион во рекламна кампања на „Келвин Клајн“

Меган ди Сталион во рекламна кампања на „Келвин Клајн“
Лос Анџелес, 4 март 2021 (МИА) - Раперката Меган „ди Сталион“ е дел од рекламната кампања за новата линија долна облека на „Келвин Клајн“. Новопечената топмоделка се пофали за тоа со неколку фотографии на Инстаграм. „Згодна во #MYCALVINS ... ’Ди‘ згодната девојка за @calvinklein пролетта, 2021, со @mario_sorrenti", напиша таа над сликите. Фотосесијата е дело на фотографот Марио Соренти. Во модната кампања се вклучени и американскиот глумец Ентони Рамос, јамајканскиот реге-пејач Кофи и јапонско-британската поп-ѕвезда Рина Савајама. Ова е прва соработка на раперката со модната куќа „Келвин Клајн“.  си/сд/

Остани поврзан