• недела, 24 ноември 2024

МД „Илинден“ -Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

МД „Илинден“ -Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

Дебар, 8 септември 2023 (МИА) - Македонското друштво „ Илинден“ - Тирана упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Северна Македонија.

-Пред точно 32 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката.

Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.

-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Честитка, по повод Денот на независноста од свое и од име на партијата упати и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). вт/мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан