• среда, 13 ноември 2024

МД „Илинден" издаде фото албум со народни носии на Македонците во Албанија

МД „Илинден

Тирана, 26 јуни 2023 (МИА) - Македонското друштво "Илинден" - Тирана издаде фото албум на кој се претставени народни носии на Македонците во Албанија.

Автор на албумот е првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај, кој за МИА рече дека тоа е реализирано со поддршка на албанскиот владин комитет за национални малцинства.

- За мене, друштвото и за сите Македонци ова е многу значајно нешто, со кое трајно останува вистината за нашата традиционална македонска носија и нашето вековно постоење во многу делови на Албанија. Исто така се дава можност со нашата преубава носија да се запознаат и другите. Има фотографии од областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, селата Крчишта и Ербеле, област Поле, округ Пешкопеја, додаде тој. 

Во албумот се поставени 12 фотографија и кај секоја од нив  на македонски и албански јазик стои кусо објаснување за носијата.

- Промоцијата на фото албумот " Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ ќе биде на 14 идниот месец од 18 до 19 часот во павилјонот „Реја“, пред Национална галерија во центарот на Тирана, каде се одржуваа многу културни настани. Влезот е бесплатен а може да присуствуваат сите заинтересирани, нагласи за МИА авторот Ѓурѓај.

Испечатени се 300 примероци во печатницата "Абази" во Тирана. вт/свс

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан