• среда, 25 декември 2024

МВР: 223 возачи казнети за брзо возење

МВР: 223 возачи казнети за брзо возење

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 223 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 20 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 114 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан