• четврток, 09 јануари 2025

МВР: Фатен крадец на дело во Куманово, следува соодветна пријава

МВР: Фатен крадец на дело во Куманово, следува соодветна пријава

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Кумановската полиција бчера во 13.40 часот во Куманово, го лишиле од слобода С.Б.(28) од овој град, информираат денеска од МВР.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети.

С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан