• вторник, 24 декември 2024

МВР: Уапсен сторител на кривично дело “изнуда“, определена мерка притвор во траење од 30 дена

МВР: Уапсен сторител на кривично дело “изнуда“, определена мерка притвор во траење од 30 дена

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Единицата за насолен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. од Скопје по брза постапка за сторено кривично дело ,,изнуда" по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

Во СВР Скопје, како што информираат од МВР, вчера М.Г. од Скопје пријавил дека од ноември 2023 до денот на пријавување, лицето И Ј. од Скопје во повеќе наврати му изнудувал парични средства упатувајќи му закани по живот. На тој начин М.Г., според пријавеното, на И.Ј. му исплатил вкупно 180.000 евра.

- Истиот ден околу 17.00 часот, по претходен договор помеѓу нив, на улицата "Симеон Кавракиров" во Скопје М. Г. му предаде 500 евра на И.Ј., кои претходно беа криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа, во заедничка акција на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при Одделот за сузбивање на сериозен криминал и Единицата за насилен криминал при СВР Скопје И. Ј. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошно постапување, се вели во соопштението од МВР. аа/

Фото: МИА архива

 

 

 


 
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан