• недела, 24 ноември 2024

МВР: Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче

МВР: Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека се евидентирани три случаи на фотографирање на гласачкото ливче во штипско и Сопот и два случаи во Скопје во кои било скинато гласачкото ливче. 

Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип, М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче, а истото го сторил и Г.Ј. (34) од село Тработивиште. Во 15:30 часот е пријавено дека на избирачкото место бр. 1680 во селото Сопот, Р.А. го фотографирал гласачкото ливче. 

Во 15:40 часот е пријавено дека на избирачкото место бр. 2880 во Скопје, Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Тој е приведен и по документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, а во 15:50 часот на избирачкото место бр.2783, од страна на Б.С. (48) било скинало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан