• четврток, 26 декември 2024

МВР спроведува анкета за оценување на работата на сообраќајна полиција

МВР спроведува анкета за оценување на работата на сообраќајна полиција
Скопје, 6 март 2021 (МИА) - По воведување на системот за снимање со камери, Министерството за внатрешни работи ги поканува граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери, да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем. Од МВР потсетуваат дека во изминатите неколку месеци Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид почнаа со употреба на камери за регистрирање на контактот со граѓаните. Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Северна Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД. Како што појаснуваат од МВР во соопштение, проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување. -Со цел оценка на мобилниот систем за снимање со камера (МССК) ги покануваме граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери да ја искористат можноста да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем, соопштија од МВР. Како што посочуваат, оценувањето ќе се врши преку пополнување на анонимна анкета од мобилен телефон со едноставно скенирање на следните QR кодови на македонски и албански или со директно кликање на следниот линк.бт/дма/

Остани поврзан