• сабота, 28 декември 2024

МВР: Со „ноќен радар“ регистрирани 130 лица кои возеле со брзина над дозволената

МВР: Со „ноќен радар“ регистрирани 130 лица кои возеле со брзина над дозволената
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови синоќа во период од 21.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив, како што информираат од МВР, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. сст/цр          

Остани поврзан