• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Санкционирани 983 возачи на мотоцикли, 23 мотоцикли одземени

МВР: Санкционирани 983 возачи на мотоцикли, 23 мотоцикли одземени

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Санкционирани се 983 возачи на мотоцикли, а 23 мотоцикли се одземени од сопствениците за време на сообраќајните контроли во текот на септември на цела територија на државата, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 587 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 207 возеле без возачка дозвола, 23 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

Од МВР исто така информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. сх/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан