• среда, 25 декември 2024

МВР: Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

МВР: Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 05:00 часот на наплатната станица Романовце, кумановско запреле и извршиле контрола на автобус „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Џ.Р. (42) од село Бајрамовци, дебарско, при што било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај, информираат од МВР.

За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан