• недела, 24 ноември 2024

МВР регистрирана непрописи во работењето на казина во Кавадарци, Прилеп и Битола

МВР регистрирана непрописи во работењето на казина во Кавадарци, Прилеп и Битола

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - При спроведена контрола од страна на припадници на полицијата и инспектори, во текот на изминатата вечер регистрирани се непрописи во работењето на казино во Кавадарци, Прилеп и Битола.

Од МВР информираат дека во казно во Кавадарци е констатирано непрописно работење од страна на УЈП, а затекнат бил и еден малолетник во објектот. Од страна на УЈП било евидентирано неправилно работење и во казино во Прилеп, додека глоба за не водење на книга на благајна, согласно член157 од Законот за игри на среќа, од страна на УЈП е изречена и за казино во Битола.

За прекршоците ќе бидат поднесени соодветни санкции.

Покрај заедничките контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен, ноќеска биле извршени и контроли во угостителски објекти. свс/сп/

Остани поврзан