• среда, 18 декември 2024

МВР: Приведен криминалец од Прилеп кој намерно опожарил возило

МВР: Приведен криминалец од Прилеп кој намерно опожарил возило

Скопје, 5 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки, вчера го лишиле од слобода Д.М.(25) од Прилеп, кој се сомничи дека на 3 август годинава на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра" со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп.

Како што информираат денеска од МВР, со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик. сст/

 

Остани поврзан