• четврток, 26 декември 2024

Приведени пет лица во Скопје, продолжуваат засилените полициски контроли

Приведени пет лица во Скопје, продолжуваат засилените полициски контроли

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Приведени се пет лица во Скопје во текот на изминатата ноќ при засилени мерки и активности на полицијата, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, едно лице по член 80 од Законот за оружје, две лица по Законот за лична карта и две по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

За време на акцијата биле спроведени и сообраќајни контроли во Чаир и Центар, при што се санкционирале 35 возачи. Одземени биле и два мотоцикла. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан