• среда, 18 декември 2024

МВР: Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

МВР: Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Гостиварската полиција ноќеска во периодот од 22.10 до 00.45 часот ги лишила од слобода Ш.Ш.(49) и З.И.(22), двајцата од село Чегране, гостиварско. При претрес во угостителски објект во село Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари.

Како што информираат од МВР, тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава. сст/цр/

фото МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан