• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица

МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип денеска во 06.50 часот во Пробиштип, го лишиле од слобода К.Т.(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја, информираат од МВР.

Од МВР, исто така, информираат дека вчера во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.

По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан