• петок, 27 декември 2024

МВР: Претреси во кумановско, запленети возила и детектори

МВР: Претреси во кумановско, запленети возила и детектори
Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите  на лицата С.А., М.А., М.А. и А.А. во село Љубодраг, кумановско.
 
Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени три патнички моторни возила „лада нива“ без соодветна документација, три детектори за откривање метали без поседување на одобрение од Управата за заштита на културното наследство, кои биле одземени, и три хаварисани патнички моторни возила со странска документација без платени царински давачки, што било констатирано од службени лица од Царинската управа.
 
Исто така, при претресот,  од страна на Инспекторатот за животна средина бил изготвен записник за констатирана состојба за управување со отпад.По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. сст/дма/
 
фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан