• среда, 25 декември 2024

МВР: Првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење како веројатна причина за смрта на мајката и детето во тетовско Слатино

МВР: Првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење како веројатна причина за смрта на мајката и детето во тетовско Слатино

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

Првичните сознанија од наредената обдукција, соопштија денеска од МВР, упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.

- Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство. Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството - татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан