• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Полициски хеликоптер исфрли над 48 тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод

МВР: Полициски хеликоптер исфрли над 48 тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) -  Полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод, меѓу селата Брезница и Тажево, каде гори борова шума.

Како што информира МВР, во 19 налета се исфрлени над 48 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење. мд/сст/

Фото: МВР 

Остани поврзан