• понеделник, 19 јануари 2026

МВР: Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга - Ќафасан

МВР: Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга - Ќафасан

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата.

- Во 17.35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје - Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа, кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на самото место се полициски службеници и екипа од „Македонијапат“, информира МВР.

Од 18.05 часот, поради излевање на Црна река кај селото Бучин во Крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци село Бучин - Демир Хисар, село Бучин - село Обршани и село Бучин - село Трноци.

Исто така, од 18.15 часот е воведена забрана за движење товарни возила на патниот правец Струга - Ќафасан.

Од 18.30 часот патниот правец Пробиштип - Леговец е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна незгода и вршење увид.

Министерството за внатрешни работи презеде соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот и апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација. дма/сст/

Фото: МВР

Остани поврзан