• четврток, 19 декември 2024

МВР на Србија нареди превентивни мерки поради најавеното невреме во сите 27 полициски одделенија

МВР на Србија нареди превентивни мерки поради најавеното невреме во сите 27 полициски одделенија

Белград, 5 август 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа соопшти дека со оглед на невремето во регионот, ги презема сите неопходни мерки со цел заштита од последиците од обилните врнежи, како и на населението и имотот. 

-Вршителот на должноста помошник министер и началник на Секторот за вонредни состојби при Министерството Лука Чаушиќ, упати наредба за преземање превентивни и оперативни мерки преку сите 27 организациски единици во Србија, се вели во соопштението на МВР. 

Наредбата за преземање превентивни и оперативни мерки е испратена до градоначалниците, претседателите на општините, како и раководителите на административните области, се со цел да се спречат и отстранат последиците од временските непогоди и да се заштитат животите на луѓето, материјалните и културните добра.

Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан