• вторник, 12 ноември 2024

МВР: Лажна вест е објавата дека граничниот премин Деве Баир е блокиран

МВР: Лажна вест е објавата дека граничниот премин Деве Баир е блокиран
Крива Паланка, 31 јануари 2023 (МИА) - Лажна е објавата за наводна блокада на граничниот премин „Деве Баир“ кон Република Бугарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
 
-Станува збор за лажна вест. Проверено е и од Полициската станица на граничниот премин Деве Баир и Регионален центар Исток, од каде потврдија дека нема никаква блокада или застој во минувањето на границата, ниту за влез, ниту за излез од државата, потенцираат од МВР.
 
Инаку, објавата за наводна блокада на овој граничен премин излезе во медиумите пред неполн час, а од МВР посочуваат дека 
најверојатно ќе биде побарана и објава на официјален демант.ид/бт/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан