• четврток, 26 декември 2024

МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи

МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи
Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) - Интензивирањето на соработката помеѓу МВР и АД „Пошта на Северна Македонија“ е една од темите на кои се разговарало на денешната средба на ресорниот министер Оливер Спасовски со генералниот директор Јани Макрадули. Од МВР соопштуваат дека од двете страни е истакната потребата од формирање работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки  за испорачување на личните документи на граѓаните на домашна адреса, како и за можните  предизвици и насоки за заживување на електронската трговија. - Министерот Спасовски ја потенцираше поддршката од страна на Министерството за внатрешни работи, како и досега, со единствена цел, граѓаните побрзо и поефикасно да ги добиваат личните документи на домашна адреса, се наведува во соопштението на МВР.фф/лв/

Остани поврзан