• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Зголемениот број полициски службеници во Кочани е поради извршување службени активности и обезбедување документација од општината

МВР: Зголемениот број полициски службеници во Кочани е поради извршување службени активности и обезбедување документација од општината

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска информира дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.

- Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест, се посочува во соопштението.

МВР апелира до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан