• недела, 24 ноември 2024

МВР дел од меѓународна акција за сузбивање на прекуграничен криминал во Југоисточна Европа

МВР дел од меѓународна акција за сузбивање на прекуграничен криминал во Југоисточна Европа
Скопје, 30 октомври 2022 (МИА) - Заедно со повеќе земји од регионот и од Европа, Северна Македонија учествуваше на заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври во чии рамки е спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција, а на граничните премини биле присутни и престставници од Фронтекс. - Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и  царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија, преку своите мобилните тимови, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека при извршените прегледи и претреси на повеќе локации низ државата приведени се 13 лица за понатамошна постапка. - Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени идр., информираат од МВР. За време на акцијата, исто така откриени се вкупно 389 мигранти од кои  202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан и осум од Палестина. сх/аа/

Остани поврзан