• понеделник, 30 септември 2024

МВР: Во Арачиново приведен криумчар на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

МВР: Во Арачиново приведен криумчар на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

Скопје, 28 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска  во 11.40 часот во с.Арачиново, скопско, го лишиле од слобода А.А.(27) од село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. сст/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан