• среда, 27 ноември 2024

МВР: Вкупно 106 санкции за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје - Велес

МВР: Вкупно 106 санкции за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје - Велес
Скопје, 12 март 2022 (МИА) - Во текот на денешниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Куманово - Скопје - Велес, при што санкционирани се 106 прекршоци. Како што соопшти МВР, од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. нд/

Остани поврзан