• четврток, 26 декември 2024

МВР блитен

МВР блитен

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Во Полициската станица Гостивар вчера во 17.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар - село Градец, во близина на село Добри Дол, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (19) од село Калиште, гостиварско и патничко возило „фолксваген туран“ исто така со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(40) од село Топлица, гостиварско. Во несреќата со тешки телени повреди се здобиле двајцата возачи, а констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Вчера во 18.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од браната „Липково“ кон центарот на селото Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(47) од Косово и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Б.(32) од село Матејче, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Во СВР Куманово вчера во 10.05 часот било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово - Свети Николе со бул.„Трета Македонска Ударна Бригада“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(50) од село Проевце, кумановско и мотоцикл марка „томос“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(56) од село Буковљане, општина Старо Нагоричане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Во СВР Охрид вчера во 18.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид - Ресен, во атарот на село Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од А.А.(48) од Ресен и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(49) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба,  го лишиле од слобода З.Т.(26) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19.40  часот во село Ново Село, на подрачјето на Ѓорче Петров, го лишиле од слобода А.П.(23) од село Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

А.М.(88) од Скопје вчера во 11.10 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

К.К.(41) од Скопје,  вчера во 22.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан